Lava Pixel V1 - клониран од Galaxy S6 и iPhone 6

Објавено на 31.07.2015 во Новости



Lava Pixel V1 - клониран од Galaxy S6 и iPhone 6

Google повторно напаѓа со нов смартфон, со кој сака да се позиционира добро на азискиот пазар, а се надеваме дека наскоро ќе го донесе и на европскиот. Кога ќе го гледаме новиот смартфон Lava Pixel V1 од Android One фамилијата, сфаќаме дека гигантот ја следи линијата на Samsung и Apple. Очигледно Google сака да влезе со чист Android оперативен систем и поевтин телефон, што е слично како со програмата на Nexus, но со опција и за другите производители да учествуваат во производството. Lava Pixel V1 е најдобриот и најубавиот Android One смартфон досега.
 
 
Убавецот Lava Pixel V1 е изработен од DragonTrail стакло, има метално куќиште - слично како новиот Galaxy S6 и на iPhone 6, што му дава премиум изглед и добивате чувство дека поседувате луксузен уред кога го држите во раце. Неверојатен е фактот што сепак се работи за евтин смартфон, наменет за индиски пазар.
 
 
Моделот има големина на дисплеј 5,5 инчи, со што се категоризира како таблет–телефон, солидна резолуција од 1280х720 пиксели, што е во рамките на средната класа. Користи чист Android Lollipop софтвер, има Qualcomm процесор со 4 јадра и 1,3 GHz, 2GB RAM меморија, 32 GB простор за складирање на податоци, што е дури и повеќе од неколку модели од високата класа. Lava Pixel V1 поседува слот за micro SD картичка.
 
 
13 мегапиксели изнесува задната и 5MP мегапиксели предната камера. Батеријата има слаб капацитет од 2650 mAh, но тоа е единствениот недостаток кај Lava Pixel V1. Цената изнесува 150 евра во Индија, што е сосема поволно. Засега нема најави дека моделов ќе биде донесе на нашите простори.