Германците им `ржнаа на Facebook

Објавено на 31.07.2015 во Новости



Германците им `ржнаа на Facebook

Facebook пред неколку месеци забрани користење на лажни имиња и псевдоними, па затоа бараше од луѓето да користат исклучиво вистинско име и презиме. Германија се противи на ова и не може да дозволи да се влезе во приватноста на своите граѓани. Така успеала да ја забрани оваа промена.
 
Агенцијата за заштита на податоци од Хамбург стои зад оваа одлука, а во објаснувањето наведува дека одлуката на Facebook за користење на вистинските имиња го крши правото на приватноста на луѓето. Агенцијата предупредува дека социјалната мрежа нема право да бара лична карта од луѓето за да го потврди нивниот идентитет за да им овозможи користење на сопствениот профил. 
 
 
Во Германија една жена имала проблем затоа што користела псевдоним на Facebook, кој и го заклучил профилот, затоа што и било побарано да го потврди идентитетот со лична карта. Дотичната нема сакала да го користи вистинското име, затоа што не сакала да ја контактираат луѓето од бизнис сферата. 
 
Facebook се одбранил со тоа што оваа промена е со цел да ги заштити луѓето, односно кориснциите треба да знаат со кого ги споделуваат фотографиите, информациите и со кого се допишуваат. 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: