Sony ќе блеска со златни Xperia смартфони

Објавено на 01.08.2015 во Новости



Sony ќе блеска со златни Xperia смартфони

Sony Mobile најверојатно ќе ја користи златната боја за новите модели на Xperia C5 Ultra и Xperia Z5 со што ќе внесе мала свежина во дизајнот и ќе им се приближи на конкурентите како Samsung, Apple и HTC кои веќе подолго време „блескаат“ со нивните смартфони. 
 
 
Засега посигурен е Xperia C5 Ultra чија промоција е многу поблиску и овој смартфон покрај со златната маска ќе привлече и со минималната рамка околу екранот, како и тенкото тело. Xperia Z5 ќе пристигне нешто подоцна кон крајот на годината, па затоа Sony има доволно време да смисли какви новитети ќе воведе во дизајнот, а ние посакуваме да видиме нешто оригинално, квалитетно и свежо.