Windows 10 таблет - главен опонент на Apple

Објавено на 03.08.2015 во Новости



Windows 10 таблет - главен опонент на Apple

Верувајќи му на кинескиот аналитичар Пан Јуитанг, Xiaomi би требало во третиот квартал на оваа година да го претстави новиот Mi Pad таблет.
 
Новата верзија на овој популарен таблет би треба да се разликува од минатогодишниот модел според оперативниот систем, така што наместо Android, би требало да има Windows 10 софтвер од Microsoft. Во наводите не се споменува дали се работи за целосно нова верзија на Windows или пак Mobile верзијата, но сигурни сме дека ќе се користи целосната верзија со оглед на тоа што од Microsoft препорачуваат користење на целосната верзија на сите таблети од 8 инчи и повеќе. Што се однесува до спецификациите, се работи за IPS дисплеј од 7.9 инчи, резолуција од 2048 x 1536 пиксели, NVIDIA Kepler процесор, 2 GB RAM меморија и 16 GB меморија за складирање на податоци, со можност за проширување на меморијата со microSD картичка до 128 GB. 
 
Xiaomi закажал настан за 16 август, на кој ќе го претстави MIUI, нивната модифицирана верзија на Android, па така е голема шансата и овој нов таблет да доживее премиера истиот ден. Овој Windows 10 таблет се очекува да биде главниот опонент на Apple.