Екс директорот на Facebook има 3,1$ милијарди на сметката

Објавено на 05.08.2015 во Новости



Екс директорот на Facebook има 3,1$ милијарди на сметката

Шон Паркер има 35 години и тој е еден од поранешните директори на Facebook. Неговата животна приказна е поинтересна од онаа на Марк Цукерберг, сопственикот на најпопуларната социјална мрежа во светот. 

Паркер уште на 19 години учествувал во основањето на Nаpster, а на 24 години станал директор во Facebook. Паркер има големи заслуги за развојот на Facebook - тој му се приклучил на тимот во 2004 година и со тоа ги привлекол првите инвестиции во компанијата со самиот дизајн на Facebook и многу други нешта. 

Сепак Паркер не се задржал долго време во компанијата, затоа што посетувал журки и конзумирал кокаин. Во 2005 година е уапсен за поседување на кокаин и тоа значело крај на неговата кариера во Facebook. Апсењето не значело и финансиски колапс за него, затоа што на сметката има 3,1 милијарда долари. Ако сакате точно да ја знаете неговата рокерска улога во компанијата, можете да ја следите улогата на Џастин Тимберлејк во филмот „The Social Network“:

Ви се допадна ли неговиот говор?