Каков родител ќе биде Закерберг на Facebook

Марк Закерберг на неговата страница на Facebook објави дека по неколку неуспешни бремености, неговата сопруга Присила Чен конечно го задржала плодот и наскоро ќе роди девојче. Facebook денес е премногу присутен кај младите родители кои на секои десет минути објавуваат по некоја слика од своите деца и пишуваат еден куп статуси поврзани со секој чекор.
Токму затоа јавноста ќе го следи родителскиот пар Закерберг како „најодговорен“ за новата фама која е присутна на социјалните мрежи. Закерберг пак, во неколку наврати изјави дека ги разбира новите трендови, но порачува родителите да не посегаат само кон забрана на социјалните мрежи за своите деца и да ги ограничуваат, туку заедно да разговараат за што и како да ги користат.
Исто така Закерберг беше дециден дека неговата ќерка нема да добие профил на Facebook се додека не наполни 13 години кога ќе ја исполни старосната граница.