Samsung најавува три Galaxy императори

Објавено на 07.08.2015 во Новости



Samsung најавува три Galaxy императори

Samsung објави нова слика за претстојниот Unpacked настан. Сликата всушност ги најавува трите нови Galaxy модели, од кои може да се заблежат Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge Plus. Се уште се држи во голема тајност и третиот смартфон, кој изгледа поголем и се чини дека ќе биде таблет од Galaxy Tab S2 серијата или некој мешан модел со големина на дисплеј до 7 инчи.

Се уште нема никакви информации за третиот император на Samsung, кој заедно со другите двајца ќе има за цел да го освои пазарот на мобилни телефони. Трите уреди ќе бидат претставени на 13 август.