Како да го заштитите детето од педофилија на социјалните мрежи

Објавено на 07.08.2015 во Новости



Како да го заштитите детето од педофилија на социјалните мрежи

На Instagram се појавила новата популарна „игра“, која ги краде сликите од децата и измислува лажни приказни. После кражбата на сликите од мали деца педофили лажно се претставуваат како родители на тие деца. 

„Додека ги прегледував известувањата на Instagram, забележав дека една личност лајкувала многу мои слики. Кога кликнав на нејзиниот профил, видов многу слики од мојот син“, рекла Дана, жената што била жртва на педофилски напади, како и нејзиниот малечок син.

Анонимна личност објавила неколку слики од нејзиниот син и тврдела дека е нејзин син, давајќи му лажно име и смислувајќи приказна за заедничкиот живот. Кога ја контактирала Дана анонимната личност, таа само ги избришала коментарите и продолжила да објавува нејзини слики. 

„Овој вид на проблем ги прекршува нашите услови на користење. Кога ќе направи родител или старател вакво нешто, ние брзо да работиме да го отстраниме проблемот“, изјавил портпаролот на Instagram. 

Мајката што била во очајна состојба сака да ги посоветува сите родители:

1. Внимателно одбирајте слики за објавување на интернет!

2. Сите ваши профили нека бидат приватни. Проверете ги сетинзите за да видите какви информации може да се најде од други профили за вас.

3. Испраќајте им фотографии само на вашите пријатели и соработници што навистина ги познавате. Можете да користите приватни групи на Facebook или селективно испраќање на Instagram.

4. Користете приватни апликации преку кои споделувате слики само во кругот на потесното семејство и најблиските пријатели.

5. Исклучите ја опцијата за објавување на локации на Facebook и Instagram.

6. Направете воден жиг за да ги одбележите сликите што ви припаѓаат вам, со што ќе спречите злоупотреба.