Tesla ангажира хакери кои ќе ги штитат електромобилите

Објавено на 10.08.2015 во Новости



Tesla ангажира хакери кои ќе ги штитат електромобилите

Tesla одговори на сите медиумски паники дека модерните автомобили со компјутерски системи може да се хакираат, а со тоа возачите да се доведат во опасност. Затоа Tesla Motors ангажираше хакери за време на конференцијата Def Con кои ќе имаат задача да ги пронајдат сите слабости во системот и да креираат заштита за сите возила.

Од Tesla соопштија дека имаат голема почит за хакерската заедница и сакаат да имаат добри односи со компанијата. Токму затоа Tesla ќе врши регрутација на хакери и за нив ќе одвои високи средства.