Елон Маск на небесна прошетка со крила

Објавено на 10.08.2015 во Новости



Елон Маск на небесна прошетка со крила

Само храбрите и лудите може да направат големи нешта во животот, а еден од нив е дефинитивно еден од најголемите иноватори на денешницата, човекот што нема потреба да ви го најавуваме.

Елон Маск сака адреналин на поинаков начин. Последното такво негово доживување било на крилата на авионот. Маск објавил слика на својот Instagram профил како стои на врвот на авионот со реченицата „Заминав на убава прошетка со крилата. Што би можело да тргне наопаку?“, се пошегувал Маск. 

Сопругата на лидерот на Tesla Motors, Талула Рајли, го снимала сето тоа на својот Instagram, каде може да го погледнете и видеото со Маск, како стои на крилата на авионот и се вози на брзина од 200 км/ч. 

Автор: Aleksandar Stankov