Јапонија ќе има 5G мрежа за Олимпијадата

Објавено на 11.08.2015 во Новости



Јапонија ќе има 5G мрежа за Олимпијадата

Јапонија го откри амбициозниот план да создаде 5G мобилна мрежа до почетокот на Летните олимписки игри кои во 2020-та ќе се одржат во Токио. Технолошки напредната земја сака да се покаже во најдобро светло како домаќин и да ги понуди најдобрите услуги за гостите од целиот свет, особено за новинарските екипи кои ќе известуваат за самите натрпевари, но и за фановите и спортистите.

Главниот оператор кој ќе воведе 5G е NTT DoCoMo со досега вложени стотина милиони долари во нова опрема и инфраструктура. За 5G мрежата која ќе биде десетици пати побрза ќе може максимално да се искориста потенцијалите на новите смартфони и мега моќните процесори, а ќе се креираат и подобри апликации за комуникација и пренос на податоци.