Facebook - никако не внесувајте број на телефон!

Објавено на 11.08.2015 во Новости



Facebook - никако не внесувајте број на телефон!

Facebook има голем безбедносен пропуст, секој може да ве пронајде и покрај сите забрани за гледање на податоците на профилот. Корисниците на социјалната мрежа не е препорачливо да го внесат бројот од својот мобилен телефон, затоа што секој ќе може да го дознае нивното име, изгледот и местото на живеење многу лесно - треба само да го внесе бројот во пребарувачот.

Техничкиот директор на агенцијата Salt, Реза Моаиандин, ја предупредил администрацијата во Facebook за оваа опасност уште во април, но проблемот се уште стои на тапет. Тоа значи дека над 100 милиони корисници се изложени на висока опасност. Затоа високо препорачливо е корисниците да не објавуваат доверливи податоци на својот профил и да не ги споделуваат со непознати луѓе.

Автор: Aleksandar Stankov