Breitling B55 Connected - аналогно-дигитален бисер

Објавено на 11.08.2015 во Додатоци



Breitling B55 Connected - аналогно-дигитален бисер

Компанијата Breitling ги претставила својот модел B55 Connected во Базел, првиот аналогно-дигитален смарт часовник. Благодарение на Bluetooth технологијата, ексклузивниот часовник B55 Connected може да се поврзе со мобилен уред и да извршува промени поврзани со подесувањето на часовникот.

B55 Connected може да извршува трансфер на податоци од часовникот на мобилниот уред, кој може со помош на стоперка да го мери времето што ви е преостанато до вашиот лет. B55 Connected има куќиште изработено од титаниум со DLC, кое му дава отпорност и го штити куќиштето од абење.

Црниот смарт часовник има кварцна технологија, COSC сертифициран механизам со голем број на функции како што се стоперка, аларм, приказ на различни зони и календар. Токму аналогно-дигиталната технологија го прави Breitling B55 Connected вистински уникат, вистински технолошки бисер.