Google не си го изгугла новото име

Објавено на 12.08.2015 во Новости



Google не си го изгугла новото име

Основно правило во модерниот бизнис пред да отворите нова фирма е да го изгуглате името за да проверите дали е зафатено од некој друг. Левелот на иронија кај најголемиот интернет пребарувач Google е огромен бидејќи не изгуглале дали името Alphabet кое ќе се користи за новата чадор компанија е слободно. Интересно е што доменот alphabet.com го поседува автомобилскиот гигант BMW и нема намера да се откаже од името.

Тоа го принуди Google за Alphabet компанијата да го резервира abc.xyz доменот, а допрва ќе се утврдува дали сториле повреда на авторското право на BMW. Поради огромниот интерес и преоптоварување на корпоративниот сајт alphabet.com се соочува со пад на серверите. 

Ова не го загрижува премногу Google бидејќи и понатаму главниот бренд на компанијата со сите интернет и мобилни сервиси ќе биде Google, додека пак сите останати капитални, корпоративни и иновациски активности ќе се водат под Alphabet.

Автор: Aleksandar Stankov