Цукерберг откажал стажирање на студент оти открил пропуст во Facebook

Објавено на 14.08.2015 во Новости



Цукерберг откажал стажирање на студент оти открил пропуст во Facebook

Додека голем број на технолошки медиуми го предупредуваа Facebook дека неговата апликација Messenger ја споделува локацијата на корисниците без нивно знаење, Цукерберг и неговиот тим не сакаа да го решат овој проблем и да го исклучат споделувањето на локацијата. Аран Кана, студент на Харвард, одлучил да го искористи овој пропуст и во својата студентска соба направил екстензија за Chrome прелистувачот, кој врз основа на податоците од локацијата од Facebook Messenger, покажува точно каде се наоѓаат луѓето додека испраќаат пораки преку оваа апликација.

Во оваа екстензија за Chrome тој само го искористил пропустот за автоматско споделување на локацијата, за што во Facebook знаеле долго време, но не сакале да го поправат. Така додатокот на студентот за Chrome привлекол големо медиумско внимание и корисниците го преземале дури 85 илјади пати за само неколку дена. Проблемот на Кан му бил тоа што веќе бил договорен со Facebook да стажира во компанијата, а на Цукерберг не му се допаднало тоа што тогаш сите дознале за големата пукнатина во приватноста на оваа социјална мрежа. Така Цукерберг побарал од Кана да ја деактивира оваа екстензија. Потоа од Facebook конечно ја исклучиле оваа функција за автоматско споделување на локацијата во Messenger, а Кана го предупредиле дека не смее да комуницира со медиумите, бидејќи неговата апликација направила лоша приказна за Facebook. Компанијата сметала дека Кана им предизвикал голема штета, што го известиле дека го откажуваат неговото стажирање, бидејќи ги прекршил правилата за користењето на оваа мрежа.

Кана тврди дека не прекршил ниту едно правило, затоа што неговата апликација искористувала јавно достапни информации, а не само оние што биле на располагање од корисниците на оваа мрежа. Од Facebook го информирале дека неговото однесување не ги исполнува "етичките стандарди што се очекуваат од стажантите“, затоа што и на неговиот блог напишал дека Facebook собира и споделува информации од своите корисници.