AirDroid ќе ве спаси од користење USB кабли
Објавено на 15.08.2015 во Android
AirDroid е една од најкорисните апликации за сите кои имаат потреба од префрлување фајлови од компјутер во смартфон или таблет бидејќи се поврзува безжично и нема потреба од приклучување на USB кабел и чекање за отчитување на надворешниот уред.
Предноста на AirDroid е многу поголема бидејќи ви овозможува пренос на податоци во двата правци, како и целосна синхронизација на смартфонот и компјутерот, со можност за примање на известувања за повици и возвраќање на пораки.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.