Apple го спрема ултимативниот ѕвер за патиштата

Објавено на 15.08.2015 во Новости



Apple го спрема ултимативниот ѕвер за патиштата

После смртта на Стив Џобс новинарите сфатија дека основачот на Apple размислувал за нови два големи проекта врз основа на информациите од биографијата што ја напиша Волтер Ајзаксон. Еден од проектите е телевизијата iTV, а другиот е автомобилот на Apple, iCar. Излегоа информации дека се подготвува автомобил за 2020 година, иако од Apple не го потврдуваат ова, но факт е дека вработија многу експерти од автомобилската индустрија. 

Новинарите шпекулираа дека Apple веќе бара и полигони за да ги тестира автомобилите. Така се излезени документи, кои откриваат дека инженерите од Apple имале состанок со луѓе од GoMentum Station, со тематика за развој на „специјални проекти“, во близина на поранешна поморска база, која сега била претворена во центар за тестирање на автомобили без возачи. Инженерот Франк Фирон од Apple побарал информации за тоа кога тестниот полигон за автономни автомобили би можел да им биде достапен, со цел да може да се договорат со другите компании за користењето.

„Изгледа дека автомобилот на Apple е веќе подготвен за патиштата“, коментираат од The Guardian. Уште во мај Џеф Вилијамс од Applе рече дека автомобилот е „ултимативен мобилен уред“ и дека неговата компанија постојано ги проучува пазарите на автомобилската индустрија. Тие очекуваат фантастичен дизајн од iCar, за што основа наводно би бил BMW i3 и напредната технологија, но и високата цена. Познавајќи ја политиката на компанијата, сигурни сме дека автомобилот на Apple ќе биде ѕверски и внимателно дизајниран.





Прочитајте повеќе: