Телефоните од паметни, ќе станат генијални

Објавено на 17.08.2015 во Новости



Телефоните од паметни, ќе станат генијални

IBM подготвува нов супер процесор кој може на паметните телефони да им донесе екстра интелегенција, благодарение на незамисливите компјутерски брзини на обработка на податоци. 

Rodent Brain е новиот чипсет кој како што асоцира самиот наслов има вештачка интелегенција на ниво на стаорец кој можеби не ви звучи како најпаметното суштество, но доколку се земе природната способност за преживување и снаоѓање, тогаш дефинитивно станува збор за мега компјутерски капацитет кој се уште го немаат ниту супер машините. 

Чипсетот на IBM кој е во експериментална фаза фунционира како нервен систем со поврзување на илјадници микро спроводници. Доколку напредокот на оваа технологија оди со брзо темпо тогаш за неколку години ќе ги добиеме и првите супер процесори кои ќе донесат фантастични можности за комуникација и пренос на податоци.
 

Автор: Aleksandar Stankov