Atlas робот тестиран во шума одлично држи рамнотежа

Објавено на 18.08.2015 во Новости



Atlas робот тестиран во шума одлично држи рамнотежа

Роботиката како наука еволуира интензивно последниве години, а за научниците најголем предизвик е да создадат хуманоиден робот, кој ќе ги извршува сите домашни задачи и ќе покажува емоции. Замислете колку треба да се програмира за да ја доведете машината до степен на покажување емоции и да ве прашува како сте. 

Научниците со овие роботи значително ја унапредиле конструкцијата на телото на роботите на многу високо ниво и сега може да се се снајдат во природни и сурови услови, на нерамни површини. Некои роботи се изработени од компанијата Boston Dynamics според изгледот на животните, а други имаат хуманоиден облик. Тестовите досега се правеа во лабораториски услови, а сега за прв пат е тестиран робот во природа. Погледнете го видеото, каде основачот на компанијата Boston Dynamics, Марк Рајберт го објаснува функционирањето на роботите:

Научниците тврдат дека не е исто да се тестира робот во природни услови и во лабораторија, бидејќи теренот во природата е непредвидлив, додека во лабораторијата е се пресметано. Роботот одлично држи рамнотежа кога се движи во секакви услови.