Talon - паметен прстен за импресивно гејмерско искуство

Објавено на 18.08.2015 во Новости



Talon - паметен прстен за импресивно гејмерско искуство

Компанијата Titanium Falcon Inc. објавува дека е завршен дизајнот на паметниот прстен Talon, кој ќе функционира како контролер за видео игри. Целта на компанијата е да овозможи модерно и футуристичко искуство за играње на игри. 

Прстенот има многу „чуда“ на себе - функционира преку нискоенергична Bluetooth технологија и сензор за движења, така што може да го поврзете со смартфон, таблет, смарт ТВ, PC/MAC. Прстенот ги претвара рацете на гејмерот во влезни команди за одредена игра или апликација. Talon има дебелина од 3.8мм, поседува две копчиња и ќе биде компатибилен со различни жанрови на игри. Ова е контролер од кого навистина би можеле да очекуваме многу, а што ќе ни донесе во иднина, останува допрва да видиме.