Новиот Apple TV ќе биде како iPhone, најлесен за гледање

Објавено на 19.08.2015 во Новости



Новиот Apple TV ќе биде како iPhone, најлесен за гледање

Apple многу тивко ја подготвува новата генерација на TV конзолата која ја очекувавме во јуни, но беше одложена поради ангажираноста на софтверските инжинери со iOs 9. Токму затоа најновите информации велат дека Apple TV сега ќе наликува на iPhone и ќе го користи оперативниот систем iOs 9 со посебно прилагодена верзија. 

Apple TV ќе работи и со Siri за пронаоѓање квалитетни содржини и ќе може гласовно да се управува. Исто така планирано е и отварање на целосно нова продавница за апликации како App Store каде програмерите ќе може да развиваат специјализирани сервиси и услуги. Промоцијата на новиот Apple TV ја очекуваме на почетокот на септември.





Прочитајте повеќе: