Huawei P8 - титула за најдобар телефон на годината

Објавено на 19.08.2015 во Новости



Huawei P8 - титула за најдобар телефон на годината

Европската асоцијација за звук и слика (EISA) ги доделила наградите за уреди за 2015/2016 година. Титулата за најдобар телефон годинава ја зема Huawei P8. Трета година по ред Huawei ја добива оваа награда, а од EISA истакнуваат дека Huawei P8 е мобилен телефон на годината поради подобрената камера, квалитетот на изработка и добрата цена, во споредба со минатогодишниот модел Ascend P7.

Освен P8, награди добиле и следните модели:

Најдобар напреден смартфон - Samsung Galaxy S6 Edge Plus;

Телефон со најдобар камера - LG G4;

Најдобар мултимедијален смартфон - Sony Xperia Z3;

Најдобар таблет - Lenovo YOGA Tablet 2 Pro;

Најдобар носечки гаџет - LG Watch Urbane;

Како ви се чинат наградите доделени од EISA, достојни ли се за големците?