Лего телефонот на Google откажан - Се крши на коцки
Објавено на 20.08.2015 во Новости
Тимот кој стои зад Project Ara мораше да признае дека ќе го одложи пласманот на Spiral 2 првиот модуларен телефон на Google, а сега полека се открива дека причината е во тестовите на издржливост кои покажале дека при пад магнетите кои ги држат сите компоненти заедно попуштаат и тој се расформира.
Од тимот на Project Ara пренесуваат дека работат напорно на поголем број на различни модулации на Spiral 2 чиј дизајн мора да биде видлив и да се гледа каде се спојуваат компонентите, а исто така ветија квалитетни перформанси. Промоцијата на модуларниот телефон најверјатно ќе ја чекаме до наредната година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.