iPhone 6S не се предава лесно на Bendgate тестот

Објавено на 20.08.2015 во Новости



iPhone 6S не се предава лесно на Bendgate тестот

Мора да се признае дека Apple многу пати беше на удар на критики од корисниците поради технички ситници, кои не дозволуваа нормална работа на мобилните. Прв проблем беше сигналот на iPhone 4 поради алуминиумската рамка, која го блокираше сигналот, при што проблемот беше решен со верзијата 4S. Слично се случи со iPhone 6, кој беше полн со скандали за лесно виткање на смартфонот, односно аферата Bendgate на YouTube - по што со моделот 6S сега повторно се поправа грешката.

Apple тврди дека 6S е многу поцврст и истото се очекува и со поголемиот модел на 6S Plus. Во секој случај компанијата ги послушала критиките од корисниците и овој пат решила да ја поправи грешката. Така момчето од YouTube каналот „Unbox Therapy“ овој пат повторно ја тестира издржливоста на iPhone 6S. Самите ќе видите дека iPhone 6S сега издржува голем товар и не се предава толку лесно.





Прочитајте повеќе: