Virtual Router - креирајте W-Fi врска од вашиот Windows десктоп

Објавено на 23.08.2015 во Новости



Virtual Router - креирајте W-Fi врска од вашиот Windows десктоп

Апликацијата Virtual router може да ја инсталирате на сите Windows-и и тоа не важи само за новата десетка. Ако немате безжична интернет-врска, односно рутер, постои начин да ги поврзете другите уреди на истата врска со којашто работите на вашиот десктоп и да го претворите вашиот персонален компјутер во хотспот. Бесплатната апликација Virtual Router функционира со Windows 7, Windows 8 и Windows 10. 

Прво внесете ги името на мрежата и лозинката, потоа одберете ја врската што сакате да ја споделите, проверете дали споделувањето е овозможено и поврзете го вашиот мобилен или евентуално другиот уред. 

Кога ќе сакате да прекинете со споделување, притиснете на Stop virtual router. Преземете ја апликацијата бесплатно на овој линк.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: