Google под закана да плати милијарди евра казна

Објавено на 24.08.2015 во Новости



Google под закана да плати милијарди евра казна

Европската Комисија одамна испрати ултиматум до Google, кој се уште е под притисок на главната европска институција - му се заканува казна од неколку милијарди евра. Со цел да влезе подлабоко во анти-монополската акција против гигантот, ЕК ги испратила прашањата до компаниите што би можеже да бидат засегнати од практиките на Google. Одлуката е поради неодамнешната одлука на компанијата од Купертин да го промени името во Alphabet, се разбира, основан од Лери Пејџ и Сергеј Брин. 

Google се обвинува за копирање на содржини од конкурентските платформи, злоупотреба на доминантната позиција во бизнисот со е-трговија и приоритетизирање на своите услуги кога пребарувате на Google. ЕК ги формирал прашањата со интерес да дознае какви информации копира Google од конкуренцијата и дали истите биле условувани да ја користат само реклами од Google.

Google доби доби одложување на рочиштето за 2 недели по свое барање, кое претходно се одржа на 15 август, а ако сака и трето одложување, веќе нема право на таква одолговлекувачка тактика. Паралелно со ова компанијата се товари и за мобилниот софтвер Android, европските регулатори проверуваат на кој начин се шири софтверот и се обидува се наметне на пазарот од Google. Ако Google е виновен, казната би можела да изнесува неколку милијарди евра.