Со SmartHalo добијте велосипед од иднината

Објавено на 26.08.2015 во Новости



Со SmartHalo добијте велосипед од иднината

SmartHalo е нов додаток за велосипед кој ќе ви донесе ултра модерни сервиси, како навигација и фитнес бележник на сите активности. SmartHalo лесно се монтира на велосипедот, а потоа преку апликација се поврзува со смартфонот. Така ќе добиете можност да ја одредите посакуваната навигација и преку GSP ќе добивате насоки за секое вртење. 

A right turn


SmartHalo е одличен и за тие што се физички активни и го користат велосипедот за спорт и рекреација, бидејќи следи колкава далечина сте поминале, колку калории сте потрошиле и ви покажува информации за искачувања на патот. 

Додатокот има цврст фат и е изработен во воена технологија која не дозволува да се откачи од велосипедот. Во смарт функциите влегува и лоцирањето на велосипедот за да знаете каде сте го оставиле или пак, во случај на кражба. Тоа што најмногу им треба на велиспедистите и светлосно обележување навечер кога видлисвоста е многу слаба и SmartHalo ќе свети силно пред вас. Кога нема да го корстите велосипедот SmartHalo автоматски ќе се исклучи.

SmartHalo's night light shuts down on its own.

Во овој момент SmartHalo се води како прект со јавно финансирање на KickStarter и може да влезете во програмата на први корисници со сума од околу 150 долари, а испораката ќе се изврши во октомври.