Цукерберг расте - историско достигнување на Facebook

Објавено на 28.08.2015 во Новости



Цукерберг расте - историско достигнување на Facebook

Во понеделникот едно лице од вкупно седум го користеле Facebook за поврзување со пријателите и фамилијата. Марк Цукерберг им се заблагодарува на сите од заедницата што учествувале во остварувањето на овој историски успех. 

„Прв пат во историјата милијарда луѓе го користеле Facebook во еден ден“, се пофалил вчера Марк Цукерберг. 

Благодарение на мобилната апликација Facebook заработува многу пари со реклами, а со оглед на огромниот број на корисници, очигледно младите корисници немаат намера да го напуштат Facebook, без разлика на популарноста на Instagram, Snapchat, и други.

Шефот на Facebook вели дека ова е само почеток за поврзување на цел свет, а отворениот и се повеќе поврзаниот свет е подобар свет.