Инспиративна приказна за млад човек - како Google го вработил?!

Објавено на 30.08.2015 во Новости



Инспиративна приказна за млад човек - како Google го вработил?!

Google нуди одлични услови за работа и ги мотивира своите вработени. Макс Росет во оваа компанија добил работа на многу невообичаен начин, затоа што и никогаш всушност не се пријавил за работа во Google

Интересната приказна за младиот човек што случајно нашол работа во оваа гигантска компанија ќе ве заинтригира. Google го контактирал Макс по линија на тоа што често преку овој интернет пребарувач барал нешта поврзани со програмирање. Еден ден на пребарувачот Google ја напишал реченицата "python lambda function list comprehension" која го покрена тајниот тест на Google за регрутација.

„Го зборувате нашиот јазик. Дали сте подготвени за предизвик?“, била реченицата што се појавила кога Макс го пребарувал Google.

Кога Макс го прифатил предизвикот, се отворила страницата Foo.bar, на која имало интерфејс базиран на UNIX, кој понудил шест различни програмерски предизвици. За решавањето на секој од нив имало одредено време. Кога завршил со прашањата, Google побарал контакт од Макс, по што познатата компанија го повикала на разговор за работа. За жал, отварањето на страницата Foo.bar нема да прикажува сега програмерски прашања, затоа што овој облик на регрутација функционира само ако добиете повик. Google со овој пример уште еднаш докажа колку е револуционерен, бидејќи ова е еден од најефикасните начини за пронаоѓање на нови вработени. Целата приказна на Макс може да ја најдете тука.