LG Watch Urbane со златна верзија поевтина од Apple Watch

Објавено на 31.08.2015 во Новости



LG Watch Urbane со златна верзија поевтина од Apple Watch

LG Mobile лансираше нова луксузна верзија на смарт часовникот LG Watch Urbane кој ќе биде обложен со 24 каратно злато и ќе биде понудено дополнително ременче од алигаторска кожа по цена од само 1200 долари што е драстично поевтино од луксузната верзија на златниот Apple Watch кој чини над 10.000 долари.

LG Watch Urbane Lux ги има стандардните карактеристики со 1.3 инчен P-OLED дисплеј со кружна форма и резолуција од 320 х 320 пиксели, работи на четири-јадрен процесор, 512 MB RAM, батерија со капацитет од 410 mAh, како и Android интерфејс.

Автор: Aleksandar Stankov