Asus ZenWatch 2 - Нов поглед на времето

Објавено на 02.09.2015 во Смарт часовници



Asus ZenWatch 2 - Нов поглед на времето

Asus е еден од главните учесници на годинешниот саем за електроника IFA во Берлин каде ги претстави одличните иновации, меѓу кои и квалитетно изработениот и убавиот на изглед Asus ZenWatch 2 со коцкаст дисплеј со две големини од 1.4 и 1.6 инчи со резолуција од 320 х 320 пиксели и голем број на софтверски новитети.

Asus ZenWatch 2 доаѓа со речиси идентичен хардвер од претходниот модел како четири-јадрен Snapdragon 400 процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија, голем број на фитнес и атмосферски сензори, батерија со капацитет од 300, односно 400 mAh за поголемиот часовник, со нова технологија за супер брзо полнење и огромен избор на ременчиња од различни материјали и големина.

Asus ZenWatch 2 ќе привлекува со повеќе софтверски новитети како можноста за директно комуницирање преку ZenWatch Messages системот. ZenWatch со големина од 1.4 инчи ќе чини само 149 евра што е прилично евтино во премиум класата, а моделот од 1.6 инчи ќе се продава за 169 евра во сребрена, сива и розево златна боја.