Samsung Gear S2 - Елеганција, класика, престиж

Објавено на 04.09.2015 во Рачни часовници



Samsung Gear S2 - Елеганција, класика, престиж

Samsung Gear S2 е долго очекуваниот нов модел на смарт часовник кој со големиот буџет на Samsung Mobile има најголема шанса да му се спротистави на Apple Watch, бидејќи со дизајнот и техничките можности не се издвојува премногу од конкурентите во Android Wear сферата.

Samsung Gear S2 доаѓа со нова кружна форма која е главен тренд и има симпатичен дизајн со 1.2-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 360 x 360 пиксели, а со можноста за вметнување на SIM картичка ќе може самостојно да работи без потреба од поврзување со смартфон. Кога сме веќе на тема поврзување добро е да се спомене дека часовникот ќе може да се „спари“ со бил кој смартфон кој работи на Android 4.4 KitKat или понова верзија, додека пак со Android Wear апликацијата за iOS наскоро ќе може да го користат и сопствениците на iPhone.

Најголеми иновации има во дизајнот со изборот на ременчиња од различни материјали и големини, а подготвен е и вториот модел Samsung Gear S2 Classic. За хардверот е употребен четири-јадрен Exynos 3250 процесор, 512MB RAM, 4 GB меморија, Bluetooth, GPS, фитнес скенери и водоотпорен дизајн.

Големи промени има во циркуларниот интерфејс кој се базира на Tizen OS и има подршка за голем број на апликации и сервиси. Двата нови модели на Samsung Gear S2 ќе бидат пуштени во продажба во октомври.