AIRPod ќе ве вози на воздух?!

Објавено на 05.09.2015 во Новости



AIRPod ќе ве вози на воздух?!

Електричните автомобили не се веќе табу тема и ги полнат сите медиуми со содржини. Планирано е масовно производство и се градат нови инфраструктури за ваквите автомобили. Зборувајќи за автомобилите што функционираат на неконвенционален начин, мора да ви соопштиме дека на пазарот доаѓа AIRPod, мини автомобилот што функционира со компресиран воздух.

Гај Негре во соработка со Zero Pollution Motors креирал мало модерно возило со нула емисија на штетни гасови, кои работат со компресиран воздух. 

Цената на AIRPod изнесува 8.860 евра, што значи дека имате ниска цена, а најважно е тоа што трошоците за одржување на автомобилот се многу мали. Со едно полнење може да помине 128 километри и може да се полни на секоја бензиска станица со компресор за воздух. Полнењето трае само 5 минути и се наплатува 2 долари во САД и 50 центи во Европа, а замислете во Македонија ќе биде бесплатно, бензинските станици не наплатуваат за користење на компресиран воздух.

Единствена мана на автомобилот е неговата максимална брзина од 80 км/час, со што AIRPod се категоризира како градско возило. Zero Pollution Motors започнува со изградба на првата фабрика на Хаваите, а првите AIRPod автомобили доаѓаат при крајот на годинава.