Видео: Погледнете како Стив Џобс ја предвиде иднината во 2007

Објавено на 05.09.2015 во Новости



Видео: Погледнете како Стив Џобс ја предвиде иднината во 2007

Стив Џобс многумина го сметаат за еден од најголемите иноватори и визионери, но всушност неговата најголема моќ лежеше во фактот што беше талентиран бизнисмен и менаџер, водејќи ја компанијата по втор пат со блескави потези кон успехот. Интересно е да се погледнат неговите ставови во 2007-та, кога беше промовиран првиот iPhone, а компанијата ја тресеше голем скандал за наводно манипулирање со акциите кој подоцна се покажа како неоснован.

Стив Џобс во интервјуто за финансиската ТВ мрежа CNBC дава фантастични поенти за успехот на првиот iPhone чија главна цел е да освои барем 1 процент од пазарното учество каде годишно се продаваат 1 милијарда телефони. Џобс исто така проценува дека мобилната технологија во тој период е неопходна, но не е доволно развиена освен за правење телефонски повици, а на корисниците им треба многу повеќе.

Токму затоа доаѓа iPhone како уред кој целосно ја менува мобилната индустрија, како што претходно Macintosh ја промени PC индустријата, а iPod ја промени забавната индустрија. Визијата и самодевербата на Стив Џобс се исплатеше и денес во првиот квартал од 2015-та Apple успеа да продаде 74.5 милиони смартфони, со пазарно учество од 18 проценти.





Прочитајте повеќе: