5 изненадувања од Apple на 9 септември

Објавено на 07.09.2015 во Новости



5 изненадувања од Apple на 9 септември

Уште два дена додека Apple да ја претстави новата генерација на iPhone уреди. На 9 септември цела ИТ заедница ќе го насочи вниманието кон спектакуларното претставување на петте нови уреди на Apple во Сан Франциско, на традиционалната локација во Bill Graham Civic Auditorium. Еве кои се тие.

iPhone 6S и 6S Plus

Не очекува новиот iPhone 6S во стандардна верзија и поголемиот 6S Plus. Новите смартфони ќе имаат Force Touch технологија, 20-мегапикселна камера со поддршка за снимање во 4K резолуција и A9 procesor. Куќиштата ќе бидат изработени од истиот алуминиум како и Apple Watch, кое е потенко за 1мм во споредба со куќиштето на iPhone 6.

iPad Pro

Новиот таблет iPad Pro ќе има дијагонала од 12 инчи и пенкалце за ракување.

Apple TV како домашен iPhone

Apple TV ќе има големи промени во хардверот и екран на допир, кој значително ќе го промени корисничкото искуство со модерната телевизија. Наводно со Apple TV пристигнува и новиот iOS софтвер, што значи дека наскоро ќе имаме големи можности и на нашите Apple телевизори.

iOS, OSX и watchOS 2

Можеме да очекуваме нова верзија на iOS оперативен систем, инсталиран на iPhone 6S, а најверојатно ќе излезе и новиот OS X El Capitan, кој ќе може да се преземе кон крајот на 2015 година, со оглед на тоа што Apple се уште работи на поправањето на баговите.

Корисниците на Apple Watch може да го очекуваат новиот watchOS 2, кој ќе биде претставен заедно со новиот iOS 9.

Hey Siri, give us a hint.

Како и секоја година, Apple чува уште едно изненадување за после настанот. Се вели дека е можна надградба на сервисот Apple Music, а се шпекулира и дека ќе има новости со Siri. Мора да признаеме дека Apple оваа година е помистериозен од лани и прикри многу детали од јавноста се до самото претставување. Излегуваме со најновите детали на 9 септември.