Растенијата умираат во близина на Wi-Fi рутер?!

Објавено на 08.09.2015 во Новости



Растенијата умираат во близина на Wi-Fi рутер?!

Рутерот е од голема помош за креирање на безжична мрежа, со што ни овозможува сигнал за интернет на безжичните технолошки уреди. Одлична алатка е рутерот, но радијацијата од безжичните рутери му штети на здравјето. Веб-страницата Stop Smart Meters објави список со 34 научни истражувања за биолошките последици од изложеноста на Wi-Fi рутерите, поврзувајќи ги со истражувања за главоболките, намалениот број на сперматозоиди и стрес.

Петорица студентки од Данска докажуваат и дека зрачењето од Wi-Fi рутерите е фатално за растенијата. Девојките почувствувале дека имаат проблеми со концентрацијата на училиштето и утврдиле дека тоа е поради спиењето во близина на нивните мобилни телефони. Студентките така почнале да ги истражуваат ефектите од радијацијата на мобилните телефони на луѓето.

Училиштето не им помогнало со ресурси за овој интересен експеримент, па затоа учениците одлучиле да ги истражуваат штетните последици на Wi-Fi зрачењето врз растенијата. Тоа е всушност слично со радијацијата на мобилен телефон. Девојките ставиле 6 саксии од семињата Lepidium Sativum во една соба без зрачење и и во друга соба исто 6 саксии во непосредна близина до два Wi-Fi рутера. 

Експериментот траел 12 дена и во меѓувреме анализирале - ги мереле колку тежат и ги фотографирале резултатите. Пред да поминат 12 дена, некои од семињата што биле до рутерите не пораснале, а некои биле целосно мртви. Семињата во собата без радијација расцветале и пораснале.