Проверете дали ќе ве примаат на работа во Apple

Објавено на 09.09.2015 во Новости



Проверете дали ќе ве примаат на работа во Apple

Ако сте голем обожавател на технологија, сигурно ви е сон и сакате да работите во една од најголемите компании на светот, како што е на пример Apple, Google, Tesla Motors, итн. Овој пат ќе се задржиме на Apple. Кои прашања треба да ги одговорите ако одите на интервју за работа во Apple? Компаниите имаат чудни прашања, но креираат сопствена политика за критериумите на вработените и така ги формираат прашалниците.

Еве кои се прашањата на Apple:

1. Кажете една работа, за која сте особено горди?

2. Кои се вашите најголеми неуспеси и што научивте од нив?

3. Опишете еден проблем од вашето претходно работно место и наведете како го решивте...?

4. Како ќе му објасните на 8-годишно момче - што е рутер и како функционира?

5. Зошто се пријавувате за работа во Apple?

6. Дали сте имале различно мислење со вашиот шеф и како му пристапивте на проблемот? Наведете конкретен пример.

7. Како ќе тестирате дали тостерот функционира како што треба?

8. Дали сте креативни? Кажете ни што е тоа што го сметате за креативно.

9. Имате две јајца и сакате да откриете на која максималната височина може да фрлите јајце без да го скршите. Како ќе го изведете тоа?

10. Зошто баш вас треба да ве вработиме?

11. Што е поважно: да се поправи проблемот на корисникот или да се создаде добро искуство?

12. Изгледате како позитивна личност. Што може да ви го расипе расположението?

13. Објаснете како ќе го убедите купувачот дека му стоите на располагање, користејќи го само вашиот глас.

14. Кажете ни ги најдобриот и најлошиот ден што ги доживеавте во последните 4 години.

15. Колку деца во светот се раѓаат секој ден?





Прочитајте повеќе: