Apple вечерва ги лансира iPhone 6S и 6S Plus

Објавено на 09.09.2015 во Новости



Apple вечерва ги лансира iPhone 6S и 6S Plus

Дојде фамозниот 9 септември, кој толку време го чекавме за Apple да ги претстави новите телефони. Тим Кук и екипата се подготвени да ги лансираат новите модели на iPhone-и во орбитата, како и подобрениот Apple TV и големиот iPad. Дизајнот на новите iPhone 6S и 6S Plus нема премногу да се разликува од своите претходници,  туку најголемите промени се случуваат под хауба, во хардверот и опцијата за препознавање за благо притискање и силно притискање на екранот - Force Touch. 

Подобрениот процесор и поголемата меморија се очекува да го подобрат корисничкото искуство, двете камери ќе се подобрени исто така – резолуцијата на задните камери ќе биде 12MP, со која ќе може да се снима и 4K видео, додека предната камера ќе има резолуција од 5MP, со дополнителен блиц за посветли слики. Новиот модел на iPad ќе има поголем екран и iPad mini со помал екран, ќе има моќен хардвер како и iPhone 6S, NFC поддршка и пенкалце. Новата генерација на Apple TV ќе биде исто така претставена, која ќе добие онлајн продавница за купување на апликации, со кој ќе може да се управува со глас во иднина благодарение на дигиталната асистентка Siri. Едвај чекаме да ги видиме новостите, останете вечерва после 19 часот со telefoni.mk, ќе известуваме во живо за деталите. 





Прочитајте повеќе: