Apple е многу поинаков од времето на Стив Џобс

Објавено на 10.09.2015 во Новости



Apple е многу поинаков од времето на Стив Џобс

Луѓето постојано го споредуваат денешниот Apple со оној пред 7-8 години, кога во тоа време управуваше Стив Џобс. Реалноста е дека тоа се две различни компании според начинот на кој функционираат. Четири години после смртта на Џобс, Apple ги задржа своите основни вредности, кои често ги слушавме во говорите на Џобс. Компаните што не се менуваат, не ризикуваат и иновираат, се осудени на пропаст. 

Го видовме тоа кај Nokia, BlackBerry и ќе го видиме кај многу други. Apple е многу повеќе моќен отколку порано, но има исто така моќна конкуренција од Google, Samsung, Microsoft и други. Apple секогаш се труди да биде пред времето и соработува речиси со сите нив. Тим Кук неодамна објави дека склучиле соработка со IBM, кој порано беше најголемиот непријател на Apple и со Cisco, а сето тоа се случува за да му го понудат најдоброто на пазарот. 

Шокот за посетителите на вчерашниот настан на Apple вчера беше појавата на Microsoft на сцената, кој порано беше исто така главен ривал на Apple. Интересно е што имаше големо медиумско внимание за стилусот, а знаеме дека Стив Џобс го мразеше. Apple дефинитивно е поинаков гледајќи 10 години назад, на секоја конференција ја менува својата визија и идеја како светот треба да изглед. 

Без гајле, Apple не го изгуби својот правец, многу добро знае каде оди и зошто го прави тоа што го прави. Тим Кук е одличен лидер и како што може да се види, иновациите продолжуваат и кога Џобс не е кормилар.