Facebook ќе ве израдува со нови профилни фотки

Објавено на 14.09.2015 во Новости



Facebook ќе ве израдува со нови профилни фотки

Промената на профилната фотографија е голема работа за корисниците на Facebook. Социјалната мрежа тестира привремени профилни фотографии, кои автоматски ќе исчезнат кога ќе истече времето за тестирање - неколку часови, денови или недели.

Новата функција ќе им овозможи на корисниците да објават нова профилна слика, која ќе биде активна одредено време. Facebook вели дека оваа функција е додадена за да им олесни на корисниците да ги користат овие профилни слики за поддржување на одредени акции, одбележување на специјален ден - настан или роденден. Привремената профилна слика на корисниците ќе им овозможи искажување на моментални чувства, по што се враќа на оригиналната слика. 


Очекувајте Facebook да ги воведе новите промени во наредните неколку месеци. Одлична опција ќе ни биде достапна во иднина и со тоа слободата на говорот ќе биде зголемен, за што најмногу ќе се израдуваат активистите за човекови права. Зар не е супер?