Ерик Шмит: Google напредува со вештачката интелегенција

Објавено на 14.09.2015 во Новости



Ерик Шмит: Google напредува со вештачката интелегенција

Ерик Шмит, претседателот на Google или подобро кажано на новата мајка компанија Alphabet откри дека истражувањата со вештачката интелегенција бележат вистински почетен напредок и без оглед што се уште сме далеку од замислите во научната фантастика оваа технологија почнува да наоѓа реални примени како што е во препознавање на природниот говор во апликациите на Google.

Шмит не се плаши дека вештачката интелегенција ќе предизвика револуција на машините и роботите и дека ќе го совлада човештвото, туку дека сега имаме навистина голема шанса за напредок во комуникациите и преносот на податоци. 

Во отворено писмо до BBC Ерик Шмит им се спротистави на сите параноци од водечките умови на денешницата како Стивен Хокинг, Елон Маск и Бил Гејтс, голем удар му нанесе и на Apple чиј пристап во водење на апликацијата Apple Music за избор на музика од уредници го нарече елитистички и подобро е да се користат алгоритими кои ќе се базираат на потребите на корисниците.