Facebook - разгледајте ја канцеларијата на Цукерберг

Објавено на 15.09.2015 во Новости



Facebook - разгледајте ја канцеларијата на Цукерберг

Марк Цукерберг конечно го објави првото видео од својата канцеларија, за која толку многу време се зборуваше - амбиент, ентериер, итн. Шефот на Facebook сака да покаже дека целата канцеларија е отворена и голема хала, нема скриени канцеларии. Веројатно со ова сака да покаже дека вработените така полесно споделуваат идеи и поефикасно работат без да се шеткаат од канцеларија до канцеларија.

Марк го покажа и своето биро, кое е малку понастрана за разлика од работниците, но сепак е тука на купче, на едно место. Меѓу другото, го претстави накратко и фасцинантниот мини сателит што на неговото биро, којшто го развива компанијата. Патем, да спомнеме дека најинтересниот дел од целата зграда на компанијата Facebook е покривот, за кој ќе помислите дека е градина на некој агроном.

„Сакаме отворена атмосфера во нашата компанија, секој да може да види што работат другите и кој со кого се состанува, бидејќи тоа е главната причина за добра комуникација. Така се создава отворена култура, што ни овозможува да работиме најдобро што можеме“, вели Цукерберг на видеото.

Искрено, амбиентот не ни се допадна, затоа што цел простор изгледа како фабрика за производство на одредени производи и нема никаков вкус. 

Сепак, ова е местото каде гигантската социјална мрежа ги раководи сите административни работи и каде се случуваат најголемите иновации во областа на технологијата.

Автор: Aleksandar Stankov