CUJO - Мал уред кој го штити домот од хакери

Објавено на 15.09.2015 во Новости



CUJO - Мал уред кој го штити домот од хакери

CUJO е мал конекциски уред кој ја штити целата ваша смарт технологија во домот, вклучувајќи ги смартфоните, таблетите, компјутерите, смарт телевизорите или уредите за домаќинство кои имаат интернет конекција. CUJO се поврзува со интернет рутерот и внимава на сите влезови во мрежата, па така ќе ве алармира за сите можни напади и хакирања.

CUJO започна јавна кампања за финансирање на проектот и почетните купувачи ќе може да го нарачаат за промотивна цена од 49 долари што ќе ви обезбеди и едногодишна претплата. Потоа ќе треба да плаќате по 8.9 долари месечно или 89 долари годишно, а со програмата за препорака доколку пријатели преку вас направат вкупен промет од 200 долари исто така ќе добиете бесплатна претплата.