Samsung Galaxy S7 - доаѓа со 2 камери и 2 големини

Објавено на 16.09.2015 во Новости



Samsung Galaxy S7 - доаѓа со 2 камери и 2 големини

Следниот борец на Samsung е Galaxy S7, кој би требало да биде лансиран во 2016 година на пролет, но не е ништо чудно ако компанијата побрза и го објави порано, како што тоа го направи со последните модели. Galaxy S7 доаѓа во две верзии со стандарден и зголемен дисплеј, исто како што направи со S6 Edge и Plus верзијата.

Седмицата ќе има дисплеј од 5,2 и 5,8 инчи, а извесно е дека под хауба Samsung го смести моќниот Qualcomm Snapdragon 820 процесор за едниот телефон, кој веќе е во фаза на тестирање. Plus верзијата најверојатно ќе ја поседува новата Exynos генерација. Корисничкото искуство со снимањето се подобрува со новиот модул со 2 камери, исто како што направи HTC One M8. Претходно пишувавме дека задната камера ќе изнесува 16 мегапиксели со SMOS сензор.

Ова се само шпекулации и непотврдени информации, но со оглед на тоа што секогаш вака протечените детали излегуваат точни, тогаш можеме да ги сметаме за речиси сигурни. Што мислите вие за новиот Galaxy S7 што допрва доаѓа?