ZTE ќе го прави рускиот Yota Phone 3 со двоен екран

Објавено на 17.09.2015 во Новости



ZTE ќе го прави рускиот Yota Phone 3 со двоен екран

ZTE ќе му помогне на рускиот бренд Yota Devices во дизајнот и производството на третиот по ред YotaPhone со двоен екран и идејата е да се намалат трошоците за оваа иновативна понуда во мобилната индустрија да се најде пред поголем број на купувачи со глобален пласман во Европа и САД. YotaPhone 3 би бил готов до почетокот на 2016-та година со голем број на хардверски и софтверски новитети.