Apple WatchOS 2 одложен поради грешка во системот

Објавено на 17.09.2015 во Новости



 Apple WatchOS 2 одложен поради грешка во системот

Apple вчера ја стартуваше надградбата со оперативниот систем iOs 9 кој и покрај малите проблеми стигна до голем број на корисници, но затоа пак WatchOS 2 новиот систем за смарт часовниците е одложен за кратко поради грешка во софтверот. Од Apple соопштија дека „бубачката“ ја откриле во последен момент и немало доволно време да се отстрани, па затоа корисниците ќе треба да се стрпат уште неколку дена.





Прочитајте повеќе: