Андроидите ја растурија Move to iOs трансфер апликацијата на Apple

Објавено на 17.09.2015 во Android



Андроидите ја растурија Move to iOs трансфер апликацијата на Apple

Apple ја претстави Move to iOs апликацијата во Play Store која треба да ги убеди корисниците на Android да се префрлат на iPhone, притоа помагајќи им да ги пренесат сите свои податоци, како пораки, листата со контакти, содржините од галеријата, обележаните настани и вебстрани. Сепак, реакцијата е далеку од позитивна како што се надеваше Apple, бидејќи оценките се очајно лоши и стотина на Move to iOs и дале само „единица“. 

Move to iOs трпи многу лоши критики за својот дизајн кој е очаен и не е доволен за да ги убеди да се префрлат на iPhone, a исто така проблеми имаат и со функционалноста и опциите не работат како што тврди Apple. 

Оваа лавина на негативни коментари можеби произлегува и од лојалноста на Android корисниците, па што мислите вие, каде е проблемот.