Batband - слушање музика преку черепните коски

Објавено на 17.09.2015 во Новости



Batband - слушање музика преку черепните коски

Новиот начин на слушање музика не е научна фантастика, туку врвна технологија што целосно го менува корисничкото искуство, без никакво користење на ушите. Бенефитите од ова ќе бидат повисоко ниво на безбедност и зачувување на здравјето на ушите. Batband слушалките се поврзуваат со компјутер или мобилен телефон преку bluetooth. 

Коските на черепот во оваа технологија служат како проводници на звучните бранови, кои ги водат звуците се до внатрешното уво. Черепните коски се најкраткиот пат до таму. Мислите дека ова е иновација? Не, туку оваа технологија досега се користеше само кај апаратите за слушање наменети за лица со слаб слух, што значи дека е стара 40 години, но досега и беше позната само на науката и не се користеше за комерцијални цели. 

Ако сакате музика и сакате да бидете безбедни кога пешачите на улица, слушалките се за вас. Батеријата на слушалките чинат 140 евра и ви овозможуваат 6 часа уживање и слушање на вашите омилени песни. Така нема да се плашите дали автомобил доаѓа или ќе пропуштите некој познајник на улица и ќе слушате се што се случува во околината.