Трик за отклучување на секој Android телефон

Објавено на 18.09.2015 во Новости



Трик за отклучување на секој Android телефон

Потврдено е дека пишувањето на долги лозинки додека камерата е вклучена, овозможува лесно влегување во телефонот на оние што сакаат да ви наштетат и тоа без лозинка. Ако некој го искористи овој недостаток, автоматски добива пристап до сите лични податоци на вашиот смартфон и може да ви подметне malware без проблем. 

Пропустот е откриен од истражувачи од Тексас Универзитетот во Остин, кој е ризичен за сите уреди што функционираат со платформата Android Lollipop 5.0, како и поновите верзии.

„Со внесувањето на долга лозинка додека е отворена апликацијата за камерата, напаѓачот ќе може да го дестабилизира заклучениот дисплеј и тој ќе се затвори сам од себе, по што ќе се појави почетниот екран, ќе изгледа исто како уредот да е нормално отклучен“, истакнал Џон Гордон.

Google е известен за пропустот уште во јуни, кој беше означен како проблем со низок приоритет, но сега ја исфрли поправката под името „LMY48M“, но само за Nexus уреди.

За да биде целосно проблемот решен, ќе мора да креира надградба за истиот софтвер за сите други производители на мобилни телефони.