Нови Nexus 5X и Nexus 6, Android Marsmallow, Chromecast 2 на 29 септември

Објавено на 20.09.2015 во Новости



Нови Nexus 5X и Nexus 6, Android Marsmallow, Chromecast 2 на 29 септември

Google и официјално го закажа 29 септември како масовен промотивен настан на кој не очекуваат еден тон новитети. Вообичаено Google нема навика да држи атрактивни презентации како Apple, но оваа година можеби ќе направи шоу со промоцијата на два екстра смартфони LG Nexus 5X, неговиот поголем брат Huawei Nexus 6, потоа Wi-Fi интернет конекторот за мултимедијални содржини Chromecast 2 и секако, најновата верзија на оперативниот систем Android 6.0 Marsmallow која официјално ќе биде пуштена во употреба.